RANGE ROVER EVOQUE ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque со бројни опции и додатоци што го разубавуваат животот секој ден.

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Со богата палета од опции што се надополнуваат една со друга, нашите пакети можат да ги унапредат и персонализираат дизајнот и динамиката на Вашиот Range Rover Evoque.

Монтажа на Range Rover Evoque и модел

ПАКЕТ CONVENIENCE

Возењето Range Rover Evoque откако ќе се стемни сега е уште поедноставно со системот Помош за автоматски  долги светла. Крајната врата со моторно движење Ви овозможува едноставен пристап до  багажниот простор,  а функцијата Влегување  без клуч нуди уште поголема погодност.

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Можете да патувате комфорно без оглед на тоа колку е ладно, со прскалки на фаровите и греење на ветробранското стакло, млазниците на прскалките, предните и задните седишта, како и на воланот.

ПАКЕТ COMFORT

Направете ја кабината уште попријатна. Осветлување во кабината коешто може да се конфигурира и клима уред со две зони, со отвори за вентилација и контрола на температурата во вториот ред се системи што го подобруваат Вашиот комфор при возењето.

ПАКЕТ TOWING

Патувањата се поедноставни без оглед на теренот или товарот, со пакетот Towing4, во којшто спаѓаат Напредниот систем за помош при влечење и Куката за влечење со електрично отворање.

ОПЦИИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Понудени се фасцинантни опции за бои, тркала и изведби на покривот коишто ќе Ви помогнат да го скроите Вашиот Range Rover Evoque.

НЕМЕТАЛИК

Неметалик бела боја. Смел, елегантен изглед.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Evoque паркиран покрај патот

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Дополнително персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque и внесете повеќе природна светлина со фиксен и лизгачки панорамски5 покрив и контрастен покрив во црната боја Narvik.
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

Збогатете ја визуелната привлечност на Вашето возило со тркалата во сребрена боја, темносива сатенска боја, црна сјајна боја и сјајна темносива боја со контрастна завршна обработка со дијамант.

ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque уште повеќе со изборот на додатоци за надворешноста и внатрешноста за да го збогатите Вашиот животен стил.

ЗА ПРАКТИЧНОСТ
Лондонската колекција од Range Rover
Готови делови и елегантни додатоци, инспирирани од нашата филозофија за модернистички дизајн.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

Поглед од страна на Range Rover Evoque

ИСТРАЖЕТЕ ГО RANGE ROVER EVOQUE

Уникатен и доверлив во секој поглед.
Монтажа на Range Rover Evoque и градски сообраќај

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

Споредете ги сите наши модели еден до друг.

1Функцијата Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за опкружувачка слика во 360 степени. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Опционална карактеристика.
2Систем од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.

3Системот Помош за мртов агол може да помогне да се спречат судари. Ако Вашето возило забележи друг автомобил во Вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш воланот автоматски се врти - укажува дека треба да направите корекција со воланот.

4Влечење и користење на подрачјето со мал број на вртежи значително ќе влијае на автономијата на возилото во режимот за електрично возило EV.

5Со избор на лизгачки панорамски покрив ќе се намали висината во кабината кај предните и задните седишта.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.