
Каде и да Ве води патувањето, животот со електричен погон нема граници.
Рекламираните вредности им овозможуваат на возачите да споредуваат еден автомобил со друг во истите услови. За да се овозможи ова, сите производители тестираат според истата WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) постапка и ги наведуваат овие вредности.
Споредено со контролираните услови и температури на WLTP постапката, во реални услови Вашата автономија ќе се разликува врз основа на неколку фактори како што се брзината, надворешните температури и тежината што ја превезувате.
Нашите хибридни електрични SUV возила вообичаено постигнуваат автономија во реални услови од 49 до 96 km (потврдена автономија од 63 до 122 km) во зависност од моделот што сте го избрале и од Вашиот стил на возење.
Приспособете ги поставките во долунаведениот калкулатор за автономија за да ја пресметате автономијата на електричен хибрид во реални услови.

Врз автономијата во режим на ЕВ обично влијаат реалните услови на возење. Со пристап до полнење во домашни услови, автономијата ретко ќе биде проблем за локални патувања, но има неколку едноставни начини за да ја максимирате Вашата автономија во режим на ЕВ секој ден.




Исто како и останатите делови на Вашиот Range Rover, моќната литиум-јонска батерија во Вашето возило е дизајнирана да Ви влее целосна доверба во возењето, година за година и во секакви услови.

Батеријата во Вашето електрично возило се состои од неколку поединечни литиум-јонски модули што работат заедно во еден пакет што може да се дополнува.
Со притискање на педалот за гас во Вашиот Range Rover се испорачува моќност од батеријата до електромоторот што ги движи тркалата. На овој начин постепено се троши складирана електрична енергија сѐ додека не дојде време да се приклучите на струја и повторно да полните.

Батериите се дизајнирани да траат подолго дури и од работниот век на Вашето возило. За разлика од значително помалата верзија на литиум-јонската батерија во Вашиот лаптоп или мобилен телефон, батеријата на Range Rover користи специфични технологии и техники за да се оптимизираат нејзините перформанси во текот на многу години и илјадници километри.
Тоа вклучува софистициран систем за ладење со течност и паметен амортизер што се грижи за заштита на батеријата од ефектите на трошењето поради постојаното полнење.
За да бидете безгрижни, гаранцијата на батеријата за Вашето електрично возило е осум години или 160.000 km, а за електрично хибридно возило е шест години или 100.000 km – важи условот што ќе се исполни прв. И додека е под гаранција, нашите експерти за ЕВ бесплатно ќе поправат какви било дефекти од производството.
Всушност, ретката појава на проблем со батеријата обично е поради една ќелија. Модулот во којшто се наоѓа оваа ќелија може едноставно да се замени за да се вратат врвните перформанси на пакетот.


*Пресметано со помош на податоците од InControl од 30 глобални пазари за возилата на Range Rover во 2023 година. Претпоставува целосно наполнета батерија.
††Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
‡Вредностите за автономијата на ЕВ се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека и опкружување, како и од стилот на возење.