Овие одредби и услови („Одредби и услови“) се применуваат за предизвикот Defender Trophy („Натпреварување“), што ќе се одржи помеѓу јуни 2025 година и октомври 2026 година („Период на натпреварувањето“).
ОДРЕДБИ И УСЛОВИ
1. Со учество во Натпреварувањето потврдувате дека ги прифаќате и се согласувате со овие Одредби и услови.
2. Натпреварувањето го промовира и води Jaguar Land Rover Deutschland GmbH, Campus Kronberg 7, 61476 Kronberg, LRhilfe@jaguarlandrover.com („Организатор“).
3. Овие одредби и услови се применуваат до законски дозволен степен, затоа Ве молиме внимателно да ги прочитате пред да учествувате.
4. Овие одредби и услови се регулирани и толкувани во согласност со германскиот закон. Страните неотповикливо се согласуваат дека германските судови ќе имаат исклучива надлежност за сите спорови или барања што произлегуваат од или се во врска со овие одредби и услови и натпреварувањето.
ДАЛИ МОЖАМ ДА СЕ ПРИЈАВАМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО?
5. Учеството во натпреварувањето е бесплатно (не е потребно купување).
6. Согласно клаузулата 7, натпреварувањето е отворено за секој што ги исполнува барањата во клаузулата 8 подолу и е жител на Швајцарија, Полска, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Израел, Украина, Шведска, Норвешка, Исланд, Романија, Турција, Гибралтар, Данска, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Унгарија, Бугарија, Грција, ККТС, Малта, Молдавија, Кипар или Ирска за време на пријавувањето и во тек на периодот на натпреварување.
7. Ве молиме имајте во предвид пред да се пријавите:
a) Натпреварувањето вклучува екстремно тешки физички и ментални предизвици; возење на возилата на Организаторот во секакви временски услови; и други непредвидени предизвици надвор од контрола на Организаторот, коишто вклучуваат зголемени ризици од штета за учесниците и нивниот имот. Затоа, успешните учесници што се избрани да учествуваат во натпреварувањето мораат да потпишат дополнителни откажувања и изјави за одрекување од одговорност (вклучувајќи но не ограничувајќи се на здравствени одрекувања и објави на слики); и
b) Учесниците мораат да бидат спремни да живеат на отворено во непосредна близина на други учесници до 21 (дваесет и еден) ден, во потенцијално тешки климатски услови и тежок терен, како дел од натпреварувањето;
c) Натпреварувањето може да биде непријатно и затоа не е препорачливо за лица коишто имаат проблеми со грбот или вратот, срцеви заболувања (или слични состојби). Исто така, натпреварувањето може да биде несоодветно за трудници. Организаторот препорачува учесниците да се консултираат со лекар или квалификуван медицински персонал пред да се пријават, за да се осигураат дека се во добра физичка кондиција, здрави и спремни да учествуваат во натпреварувањето. Организаторот може да бара доказ за такво здравствено одобрение од секој учесник; и
d) Учесниците мораат да бидат подготвени за секакви временски услови и се одговорни за обезбедување на нивна соодветна облека, обувки и опрема за различни екстремни временски сценарија (вклучувајќи но не ограничувајќи се на: водоотпорна облека, топла облека, заштитни и соодветни обувки за планинарење и искачување, крема за сончање итн.). Организаторот нема да ги обезбеди овие работи..
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВУВАЊЕ
8. За да има право на учество, секој учесник мора:
a) да ја пополни пријавата до 10 март 2026 година.
b) да може да плива минимум 50 (педесет) метри без никаква помош;
c) да демонстрира дека може да комуницира на англиски јазик, што ќе биде јазикот на натпреварувањето, за да разбира детални упатства и да обезбеди информации и фидбек до други учесници во потенцијално опасни ситуации каде што точна, непосредна и јасна комуникација е од суштинско значење;
d) да биде физички и ментално подготвен за управување со моторни возила, како и да биде со добро физичко и ментално здравје, бидејќи натпреварувањето вклучува серија на физички и ментални тешки предизвици. Учесникот мора да има вид што ги исполнува законските барања на регулативите за возачка дозвола;
e) да е на возраст од 23 години или постар поради барањата за осигурување на Организаторот и да има важечка возачка дозвола (Б категорија или еквивалентна странска возачка дозвола со соодветно овластување) што е меѓународно важечка. Од учесниците се бара да му ја покажат својата возачка дозвола на Организаторот и затоа треба да се погрижат да ја носат со себе на сите настани поврзани со натпреварувањето;
f) да ја помине проверката за возачката дозвола што ќе им се испрати на учесниците преку веб-линк;
g) да е спремен да патува во странство ако е избран за финалист (како што е дефинирано подолу);
h) да има важечки меѓународен пасош и да нема забрана за влез во друга земја, бидејќи финалето на натпреварувањето ќе се одржи на меѓународна локација што ќе ја објави Организаторот за време на периодот на натпреварувањето. Успешните учесници се одговорни за добивање визи и вакцинации (вклучувајќи какви било други документи потребни за патување); и
(i) да нема криминално досие.
9. Следните учесници не ги исполнуваат условите за учество во натпреварувањето: a. сите што не ги исполнуваат условите наведени во клаузула 8 погоре; b. кој било вработен (по договор или на неодредено), независен изведувач или приправник кој работи за Организаторот и/или неговите филијали (вклучувајќи но не ограничувајќи се на Jaguar Land Rover Limited) во време на пријавување и за време на Периодот на натпреварувањето; c. која било трета страна, вработен (по договор или на неодредено), независен изведувач, приправник или волонтер кој работи за или е поврзан со компанија првенствено вклучена во производство, продажба или дистрибуција на моторни возила; и/или d. секој што во моментот страда од каква било физичка или ментална состојба што може да ја ограничи или наруши неговата будност или способност за возење.
10. Со пријавување на натпреварувањето учесниците потврдуваат дека ги исполнуваат условите. Исклучиво Организаторот одлучува дали се исполнети условите за пријавување и пријавата може да се отповика за време на натпреварувањето. Организаторот може да побара доказ или потврда од учесниците пред доделување на наградите.
11. Натпреварувањето започнува на 17 декември 2025 година и завршува на 10 март 2026 година („датум на затворањето“) заклучно. Пријавите поднесени по датумот на затворањето автоматски ќе се дисквалификуваат.
12. Учесниците можат да поднесат до 1 (една) важечка пријава. Дополнителни пријави нема да важат ниту ќе бидат соодветни за победа.
13. Натпреварувањето ќе бара пристап до: мобилен телефон; сметка за е-пошта; компјутер; и пристап до интернет - Организаторот не ги обезбедува овие детали.
14. Организаторот го задржува правото да ја дисквалификува која било пријава што не е во согласност со овие одредби и услови или ако однесувањето на учесникот во текот на периодот на натпреварувањето е во спротивност со духот или намерата на натпреварувањето.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАМ
15. За да пристапат до пријавата (како што е дефинирано подолу), сите учесници мораат прво да го покажат својот интерес преку пополнување на формуларот за изразување интерес „Инспирирајте ме редовно”, достапен тука: https://forms.landrover.de/landr-de-de/servlet/SmartForm.html ("Expression of Interest") („Изразување интерес“). Пријавите ќе се прифаќаат од 1 октомври 2025 година. По поднесувањето на пријавата, учесниците што ги исполнуваат условите ќе добијат персонализиран формулар за пријавување. Овој формулар за пријавување, вклучувајќи видео компонента (како што е дополнително опишано во формуларот за пријавување), мора да се поднесе до Организаторот најдоцна до 10 март 2026 година. По овој датум нема да се прифаќаат никакви пријави.
16. Организаторот ќе испрати персонализиран линк за учество во натпреварувањето на адресата за е-пошта наведена од учесниците во нивниот формулар за изразување на интерес, најдоцна до 10 март 2026 година.
17. Согласно клаузулите 15 и 16, сите учесници коишто се поканети да учествуваат во натпреварувањето по регистрирање на нивниот интерес мораат да го пополнат формуларот за учествување до 10 март 2026 година и да го поднесат како што им е соопштено. Во текот на процесот на поднесување, со пријавата мора да биде прикачена и видео содржина во која наведениот учесник го демонстрира своето познавање на англискиот јазик. Учесникот во видеото одговара на три прашања на англиски јазик и на тој начин го демонстрира своето познавање на англискиот јазик. Организаторот однапред ќе ги испрати до учесникот прашањата на кои треба да се одговори.
18. За важечки пријави ќе се сметаат само пријавите што се целосно одговорени, правилно пополнети и поднесени.
19. Ако, од која било причина, дојде до технички прекин, дефект на опрема, дефект на телефон, мрежа, сервер, дефект на компјутерски хардвер или софтвер, како и дефект на страницата или поштенски дефект и натпреварувањето не може да се спроведе како што е планирано или пријавите не може да се примат или валидно да се поднесат или наградата (како што е дефинирано подолу) е одложена, Организаторот го задржува правото да го откаже, прекине, измени или суспендира натпреварувањето ако е потребно.
20. Организаторот не прифаќа никаква одговорност за непотполни пријави или пријави што се изгубени, зафрлени, оштетени или задоцнети (без оглед на причината) и сите такви пријави ќе се сметаат за неважечки. Организаторот нема да прифати доказ за испраќање или пренос како доказ за прием на пријава за натпреварувањето.
21. Учесниците (и понатамошните „Локални натпреварувачи“) не можат во ниту еден момент за време на натпреварувањето, да користат какви било политички слогани или хомофобичен јазик, слики со непристојна содржина или експлицитна сексуална природа, слики што содржат лого знаци на натпреварувачи и јасно спонзорство од бренд или што било друго што може да се смета за маркетинг од заседа или злоупотреба на Организаторот и/или Jaguar Land Rover Limited, содржина што е клеветничка, непристојна, незаконска, вулгарна, навредлива или на друг начин несоодветна или што ги повредува правата на другите (вклучувајќи ги правата на интелектуална сопственост) или негативно се одразува на Организаторот или Jaguar Land Rover Limited. Секој учесник се согласува и потврдува дека какво било прекршување на оваа клаузула ќе предизвика значителна штета и загуба за Организаторот и Jaguar Land Rover Limited.
22.Организаторот го задржува правото да го откаже, прекине, измени или суспендира натпреварувањето ако е потребно.
ПРВ КРУГ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО
23. Избрана група кандидати коишто успешно го пополниле формуларот за пријава и ја поднеле видео содржината ќе бидат избрани од сите важечки пријави од страна на жири комисија од експерти составена од специјалисти од областа на настани и маркетинг, по завршување на процесот на пријавување до 30 април 2026 година („локалните натпреварувачи“).
24. Ќе има до 108 (сто и осум) Локални натпреварувачи. Локалните натпреварувачи избрани од жири комисијата ќе бидат конечни.
25. Со Локалните натпреварувачи ќе се контактира во рок од 14 дена преку е-пошта и/или телефонски користејќи ги податоците за контакт наведени во нивниот Формулар за пријавување за да потврдат: дека ја прифаќаат поканата за да учествуваат во настанот за локална селекција; дека ги исполнуваат критериумите за пријавување поставени во клаузулите 8 и 9 од овие Одредби и услови; и дека се достапни да се натпреваруваат во Глобалното финале (дефинирано во клаузула 31). Доколку некој Локален натпреварувач не може да потврди кој било од горенаведените детали во рок од 14 (четиринаесет) дена од контактот, Организаторот го задржува правото да го одземе нивното место во настанот за локална селекција и да му го понуди на алтернативен учесник по сопствено дискреционо право.
26. Одговорност на секој учесник е да гарантира дека податоците за контакт што се наведени во неговиот Формулар за пријава се точни за известување во согласност со клаузула 25.
27. Имињата и сликите на локални натпреварувачи можат да бидат објавени на каналите на социјалните медиуми на Организаторот по исклучива дискреција на Организаторот.
28. Локалните натпреварувачи мораат да учествуваат во настанот за локална селекција на датум што ќе биде потврден во Лес Комес, Шпанија, каде што ќе учествуваат во бројни авантуристички предизвици.
29. Летови, хотелско сместување и оброци за локални натпреварувачи за време на настан за локална селекција ќе организира и обезбеди Организаторот и/или Увозникот. Овие услуги ќе бидат избрани и достапни ексклузивно од страна на Организаторот или Увозникот. Терминот „Увозник” се однесува на компанијата што работи во Вашата земја во врска со возилата на JLR и има седиште во една од земјите наведени во секцијата 6 од овие Одредби и услови. Исто така, тоа е компанијата што Ви испратила линк до Формуларот за учествување во овој настан. Од локалните натпреварувачи не се очекува да прават свои резервации или да користат свои услуги и тие трошоци нема да бидат надоместени. Локалните натпреварувачи категорично немаат право на надомест на трошоци за патување, сместување или храна што самите ги направиле. Во спротивно, Организаторот и Увозникот нема да покријат какви било други трошоци поврзани со учествувањето на локалните натпреварувачи во настанот за локална селекција и Организаторот не е одговорен за организирање на такви настани
ГЛОБАЛНОТО ФИНАЛЕ
30. Најмногу 36 успешни локални натпреварувачи ќе бидат избрани како финалисти од страна на стручното жири на настанот за локална селекција („Финалисти“). Финалистите ќе бидат избрани по исклучива дискреција на стручното жири според нивните критериуми за селекција и таквата одлука ќе биде конечна.
31. Финалистите ќе се натпреваруваат против други финалисти од целиот свет во глобалното финале на натпреварувањето во октомври 2026 година на тајна меѓународна локација што ќе ја објави Организаторот во август 2026 година („Глобалното финале“).
32. Организаторот ќе ги подели Финалистите во тимови да се натпреваруваат во Глобалното финале. Меѓутоа, Финалистите ќе бидат оценувани индивидуално, а не како тим. Формирањето на тимот ќе биде исклучива дискреција на Организаторот. Организаторот може да ги прераспредели членовите на тимот во кој било момент за време на Глобалното финале.
33. Финалисти можат да бидат дисквалификувани од Глобалното финале по исклучива дискреција на стручното жири, во кој било момент. Дисквалификуваните финалисти повеќе нема да имаат право да учествуваат во Глобалното финале ниту пак ќе имаат право да победат во Натпреварувањето.
34. Организаторот ќе го обезбеди целото неопходно сместување, патување, специјална облека, техничка опрема и аранжмани за исхрана/оброци за да им овозможи на Финалистите да учествуваат во Глобалното финале и ќе ги сноси трошоците за истите (во согласност со полисата за патување и трошоци на Организаторот).
35. Во согласност со клаузула 34, Финалистите се одговорни за покривање на сите други ставки и трошоци, вклучувајќи но не ограничувајќи се на: нивната виза, пасош, вакцинации, патничко осигурување и сите други придружни трошоци и расходи. Финалистите потврдуваат и се согласуваат дека Организаторот не е одговорен за какви било трошоци и/или расходи (освен оние наведени во клаузулата 34) поврзани со учество во Глобалното финале.
ПОБЕДНИЦИ И НАГРАДАТА
36. Во согласност со клаузула 33, победниците ќе бидат селектирани од преостанатите Финалисти од страна на стручното жири на крајот на Глобалното финале на Датумот на затворањето („Победниците“).
37. Во согласност со клаузула 32, победниците ќе бидат избрани поединечно, а не како тим. За да се избегне сомнеж, некои победници можеби ќе бидат избрани од тим додека други членови на тимот не се избрани како победници.
38. Победниците одредени од стручното жири се конечни и по исклучива дискреција на жирито.
39. Победниците ќе бидат одредени на Глобалното финале и наградите ќе им се доделат лично. Победниците може да бидат објавени и преку YouTube каналот „Defender“ на Jaguar Land Rover Limited по исклучивата дискреција на Jaguar Land Rover Limited.
40. Секој Победник ќе ја прими наградата. Наградата е за победниците за да имаат можност да учествуваат во експедиција во земјата во којашто се одржува Глобалното финале, како тим, давајќи витална помош за значајни цели и применувајќи сѐ што научиле за време на натпреварувањето, во октомври 2026 година („Награда“).
41. Нема алтернативни награди, а наградата е непренослива, непроменлива и не може да се исплати во пари. Наградата не може да ја преземе трета страна во име на победник.
42. Ако Организаторот дополнително одреди дека победник не ги исполнува условите или дека ги прекршил овие Одредби и услови, или ако се посомнева на неспортско или неетичко однесување според овие Одредби и услови, тогаш Организаторот го задржува правото да не ја додели Наградата на таков победник и да избере друг финалист како победник.
43. Ако понудената награда е недостапна, откажана или суспендирана поради околности надвор од контрола на Организаторот, тогаш Организаторот не може да понуди замена и нема да биде одговорен кон победниците. Победниците немаат право на паричен еквивалент или компензација за какви било трошоци или расходи што се појавиле или ги претрпеле во врска со преземањето на наградата.
44. Победниците прифаќаат дека наградата може да биде откажана или суспендирана од која било причина надвор од контрола на Организаторот.
45. Ако победник не може да ја прими наградата од која било причина, тогаш тој мора веднаш да го извести Организаторот. Во тој случај Организаторот го задржува правото да му ја понуди наградата на друг финалист. Организаторот не прифаќа никаква одговорност ако победник не може да ја прими наградата.
46. Победниците потврдуваат и се согласуваат дека Организаторот не е одговорен за какви било трошоци и/или расходи (вклучувајќи но не ограничувајќи се на даноци) поврзани со преземање на наградата.
47. Во сите случаи, одлуката на Организаторот е конечна и нема да се води никаква кореспонденција.
48. За време на нивното учество во извлекувањето на наградата, победниците не можат да користат политички слогани или хомофобичен јазик, слики со непристојна содржина или експлицитна сексуална природа, слики што содржат лого знаци на натпреварувачи и јасно спонзорство од бренд или што било друго што може да се смета за маркетинг од заседа или злоупотреба на Организаторот и/или Jaguar Land Rover Limited, содржина што е клеветничка, непристојна, незаконска, вулгарна, навредлива или на друг начин несоодветна или што ги повредува правата на другите (вклучувајќи ги правата на интелектуална сопственост) или негативно се одразува на Организаторот или Jaguar Land Rover Limited. Секој учесник се согласува и потврдува дека какво било прекршување на оваа клаузула ќе предизвика значителна штета и загуба за Организаторот и Jaguar Land Rover Limited.
СНИМАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ
49. Како услов за учество во натпреварувањето, сите учесници мораат да учествуваат во промотивно фотографирање и снимање од страна на Организаторот за време и по нивното учество во натпреварувањето и наградувањето и затоа мораат да потпишат формулар за согласност за прикажување на филмски материјал што Организаторот го доставува до сите учесници/локални натпреварувачи пред или за време на настанот за локална селекција. Со потпишување на формуларот сите учесници/локални натпреварувачи се согласуваат дека Организаторот го има правото да ги користи сите промотивни материјали што произлегуваат од тоа во кој било медиум и на кој било начин што Организаторот го смета за соодветен.
50. Сите учесници мораат да ги документираат нивните искуства за време на процесот на натпреварувањето, почнувајќи од моментот кога се известени дека се избрани како Локален натпреварувач па сѐ до моментот кога се елиминирани од натпреварувањето или, ако се одредени како победник, сѐ до крајот на наградувањето. Учесниците треба да ги документираат нивните искуства од процесот на натпреварување преку фотографии и видео снимки, кои Организаторот ќе ги користи за да го промовира и претставува натпреварувањето во сите медиуми низ целиот свет, на неопределено време („Содржина генерирана од корисникот“).
51. Во согласност со клаузулата 50 погоре, учесниците и победниците се согласуваат дека Организаторот и Jaguar Land Rover Limited ќе имаат право да ја задржат ексклузивната неотповиклива лиценца за целиот свет за содржина генерирана од корисникот за да ја користат во сите медиуми и да го овластат нејзиното користење, вклучувајќи но не ограничувајќи се на веб-локации, канали на социјалните медиуми, веб-локации на трети страни (или делови од нив) кои се под контрола на Jaguar Land Rover Limited или неговите агенции (вклучувајќи но не ограничувајќи се на Instagram, Twitter, TikTok и YouTube), социјални мрежи и портали, како и настаните организирани од Организаторот, Jaguar Land Rover Limited или нивните овластени партнери и во соопштенија за медиумите на неопределено време.
ОБВРСКА
52. Ниту Организаторот, ниту Jaguar Land Rover Limited ниту пак нивните филијали, застапници, службеници, овластени продавачи, даватели на франшиза, спонзори или вработени нема да бидат одговорни (до степен што е дозволен со законот) за каква било загуба или штета, што ја претрпел учесник и/или нивниот имот во врска со нивното учество во натпреварувањето, во врска со наградата или нејзиното користење или ако натпреварувањето не е спроведено според планираното. Ова не вклучува штета што произлегува од катастрофална повреда, повреда на екстремитети или повреда на здравјето предизвикани од намерно или небрежно кршење на должноста на горенаведените страни или друга штета предизвикана од намерно или грубо небрежно кршење на должноста или од прекршување на битни договорни обврски (кардинални обврски). Во случајот на благо небрежно прекршување на битни договорни обврски, одговорноста ќе биде ограничена на предвидлива штета вообичаена за договор од ваков тип. Каква било понатамошна одговорност е исклучена.
53. Ниту Организаторот, ниту Jaguar Land Rover Limited ниту пак неговите филијали, застапници, службеници, продавачи, даватели на франшиза или вработени нема да бидат одговорни (до степен што е дозволен со законот) за какви било медицински трошоци, трошоци за репатриација или последователни трошоци што произлегуваат од болест или повреда на учесник, победник и/или трета страна во текот на натпреварувањето и/или за време на кое било потребно патување.
54. Организаторот може да ги измени овие одредби и услови или да го откаже натпреварувањето по своја исклучива дискреција и без да преземе одговорност како резултат на тоа освен ако наградата е веќе доделена.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
55. Со учество во ова натпреварување Вие (без оглед дали како учесник, локален натпреварувач и/или победник) разбирате дека Организаторот (и неговите застапници, изведувачи, Увозникот (компанијата што работи во Вашата земја во врска со возилата на JLR и има седиште во една од земјите наведени во секцијата 6 од овие Одредби и услови, којашто исто така е компанијата што Ви испратила линк до Формуларот за учествување за овој настан)) и членови на група (особено
Jaguar Land Rover Limited, Abbey Road, Whitley, Coventry, CV3 4LF, UK, 0370 500 0500; Jaguar Land Rover Deutschland GmbH, Campus Kronberg 7, 61476 Kronberg, Germany, 00800 3386 7049,
jaghilfe@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover Austria GmbH, Fasaneriestraße 35, A-5020 Salzburg, Austria,
+43 662 21 21-0, info3@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover Italia S.p.A., Viale Alessandro Marchetti, 105 –
00148 Rome, +39 06658531, jlricrc@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover France, Tour Défense Plaza, 23
Rue Delarivière Lefoullon, 92800 PUTEAUX, +33(0)1 70 65 30 09, crclr@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover Espana S.L.U, Calle del Puerto de Somport 21-23, 4th floor, Edificio Monteburgos A, 28050 Madrid, 00800-33867050, jlrcaces@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover Portugal Veículos e Peças Lda., Edifício Escritórios do Tejo, Rua do Polo Sul, n.º 2 – 3.º B-3, Parque das Nações, 1990-273 Lisbon, 00800–33867050,
jlrcacpt@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover Nederland, Briggs Premium Offices, Van Deventerlaan 31-51, 3528 AG Utrecht, Netherlands, 00800 33 86 70 50, crcnl@jaguarlandrover.com; Jaguar Land Rover BeLux,
Generaal Lemanstraat 47, 2018 Antwerp, Belgium, 00800 33 86 70 50, crcbelux@jaguarlandrover.com; во негово име) можат да ги обработуваат информациите (вклучувајќи ги личните податоци) што ги наведувате во Вашиот формулар за пријавување и во врска со Вашето учествување (вклучувајќи линкови до видео содржини, поднесени видео содржини, веб-локации, објави/страници на социјални медиуми, итн.) за следните цели:
а) да го управуваат Вашето учество во натпреварот, вклучувајќи ја одлуката за тоа дали е во согласност со овие Одредби и услови; и
b) да Ве известат ако сте локален натпреварувач, финалист и/или победник. Доколку сте локален натпреварувач, финалист и/или победник се согласувате дека Организаторот, Увозникот и членови на група (особено Jaguar Land Rover Limited, UK; Jaguar Land Rover Austria GmbH; Jaguar Land Rover Italia S.p.A.; Jaguar Land Rover France; Jaguar Land Rover Espana S.L.U; Jaguar Land Rover Nederland; Jaguar Land Rover BeLux) можат да ги објават или да ги направат достапни на барање Вашето име, земја/град, слика и содржина генерирана од корисникот; и
c) да ги споделуваат со организации што помагаат во спроведување на натпреварувањето и исполнување на наградата (особено Увозникот, Jaguar Land Rover Limited, UK; Jaguar Land Rover Austria GmbH; Jaguar Land Rover Italia S.p.A.; Jaguar Land Rover France; Jaguar Land Rover Espana S.L.U; Jaguar Land Rover Nederland; Jaguar Land Rover BeLux) и
d) да Ве покануваат да учествувате во идни натпреварувања што ги организира Организаторот и/или настани поврзани со ова натпреварување.
Правната основа за обработка на личните податоци под секциите а) до с) е Член 6(1) b) од (GDPR) Законот за заштита на личните податоци – извршувањето на натпреварувањето (исполнувањето на договор) и за секција d), легитимниот интерес согласно Член 6(1) f) од (GDPR) Законот за заштита на личните податоци, имено промоцијата на понатамошни, слични натпреварувања и формати на настани.
Давањето на личните податоци што се бараат во формуларот за пријавување и дополнителни информации што се бараат не е задолжително со закон – но е неопходно за изведбата и учество во натпреварувањето. Без давањето на овие податоци учеството во натпреварувањето не е можно.
Имињата и контакт деталите на учесниците/локалните натпреварувачи/победниците што се користат за ова натпреварување ќе бидат задржани за период од 18 месеци од датумот на затворањето.
56. Податоците ќе се обработуваат во согласност со (i) важечките закони за заштита на податоци во ЕУ, вклучувајќи ја Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) ((ЕУ) 2016/679) и во ОК, вклучувајќи го Законот за заштита на податоци 2018 или која било следна легислатива; и која било друга директно применлива ЕУ регулатива во однос на заштита на податоците.
57. За подетални информации во врска со заштитата на податоците, обработката на податоците, Вашите права и преносот на податоци во трети земји од страна на Организаторот, Ве молиме да ја погледнете политиката за приватност на Организаторот на: https://www.landrover.de/privacy-policy/index.html. Ако имате какви било прашања во врска со обработка на Вашите податоци, Ве молиме контактирајте ги:
dschutz@jaguarlandrover.com